Со дрон ќе се „ловат“ тие што фрлаат отпад во Скопје

Комуналните инспектори на Град Скопје започнуват акција за контрола, лоцирање и казнување на оние кои фрлаат отпад во градот. Истите ќе бидат „ловени“ со дронови. Казните предвидени со Законот за јавна чистота ќе бидат од 50 евра па нагоре, во зависност од отпадот што се фрла.

-Активно соработуваме со екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ и веќе ги воочивме црните точки и дивите депонии во градот. На нашите инспектори и на комуналните редари од голема помош ќе им бидат и два дрона што ќе им овозможат подобар увид на теренот. На граѓаните им овозможуваме места за одлагање на својот отпад и апелираме сите воочени нерегуларности да ги пријават во Инспекторатот. Инспекторатот на Град Скопје е алатка на граѓаните преку која можат да си ги остварат своите права, изјави денеска раководителот на инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски.

 

 

 

 

12.07.2018 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега