Стартува кампањата на власта за референдумот - за противниците сабота е добра можност да се најави бојкот

Со најавата за прослава во 15 градови низ Македонија, премиерот Заев и практично ја почна кампањата за референдумот за промена на името на Република Макеоднија.

Владата во Сабота со ангажман на голем број музички имиња од Македонија вели дека заедно со граѓаните сака да ја прослави поканата која денеска ја додели НАТО и покрај тоа што таа е условена со промената на името.

Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем испех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, изјави Заев во своето обраќање до граѓаните.


Дел од граѓанските организации кои се противат на промена на името велат дека прославата во сабота ќе биде добра можност да се направи тест за тоа, колкав капацитет има најавата за бојкот на референдумот која кружи пред се на социјалните медиуми.

Прославата на Премиерот Заев е топ тема во медиумите и на социјалните мрежи, а најголем дел од граѓаните кои коментираат не гледаат причина за славје.

 

 

 

12.07.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега