Проштална средба на Џафери со полскиот амабасадор Јацек Мултановски

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска го прими на проштална посета досегашниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија Јацек Мултановски.

На средбата Џафери, како што информираат од собраниската прес служба, ја поздравил континуираната поддршка на Република Полска за евроатланската интеграција на Република Македонија и притоа се заблагодарил на амбасадорот за ангажманот во текот на неговиот мандат за развој на пријателските односи меѓу двете држави. 

Тој, исто така, изразил задоволство што Полска е вклучена во Берлинскиот процес, особено со фактот што следниот самит во 2019 година ќе се одржи во Варшава.

Амбасадорот Мултановски ја потврди поддршката на Република Полска и нејзината подготвеност да ги пренесе своите искуства во нашата држава и ја искористи пригодата, во име на неговата земја, да го поздрави постигнатиот договор со Република Грција, при што истакна дека тоа е договор со кој се надмина долгогодишниот спор и се отвораат вратите за влез во НАТО и ЕУ

 

 

 

13.06.2018 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега