Опозициските партии и во двете земји не го подржаа постигнатиот договор

Договорот, кој вчера беше постигнат помеѓу Грција и Македонија не беше подржан од опозициските партии и во двете земји.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера го оцени договорот постигнат меѓу Заев и Ципрас како капитулација. Тој го обвини Заев дека на шверцерски начин го постигнал договорот со Грција, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи промена на Уставот и побара референдумот за името да биде задолжителен, а не консултативен.

И за лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис договорот е лош, и го обвини Ципрас дека нема легитимитет да ја обврзува Грција да го потпишува договорот

Грчките медиуми пишуваат и дека е можно коалициониот партнер на Ципрас во владата партијата Независни Грци, на министерот за одбрана Панос Каменос да ја напушти утре владината коалиција, со што би ја урнал владата со цел да ја забави ратификацијата на постигантиот договор меѓу Скопје и Атина.

 

 

 

13.06.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега