Во Собранието продолженија на две пленарни седници

 

Во Собранието на Република Македонија денеска се закажани продолженија на 46-та и 47-та седница. 

На дневен ред на 46-та седница се Предлог за избор на претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност, измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства и измените на законите за Царинска управа и за Градежни производи, двата во прво читање, како и неколку годишни извештаи. 

Во рамки на 47. седница треба да продолжи расправата по годинашниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава. На дневен ред на оваа седница се и повеќе предлог-закони од областа на финансиите, социјалата, образованието, транспортот,..., како и неколку автентични толкувања

 

 

 

13.06.2018 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега