Почнаа жештините: Африкански бран над Македонија - подгответе се за 35 степени

 Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде осум. 

Во Скопје слично време со температура од 17 до 34 степени. 

Во петок ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи.

Ова се температурите измерени утринава во Македонија:

 

 

 

12.06.2018 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега