Свештеник ја чистел исповедалницата, пронашол две торби и веднаш повикал полиција

Полицијата во Ватикан, трага по одговорните , откако во исповедалницата се пронајдени две торби со вкупно 36.000 евра.

Парите ги нашол свештеник кој ја чистел исповедалница.

„Кога ги видов парите морам да признаам дека се преплашив“ рекол Отец Џиовани.

Сеуште не е познато дали се работи за донација или пак некој немал каде на друго место да се ослободи од торбите.

Анонимните донации за црквите не се реткост, но никогаш не биле волку големи, ако полицијата потврди дека не се украдени, црквата ќе ги задржи, рекол Отецот.

 

 

 

11.06.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега