Владата се огласи за пишувањата на српски „Курир“ дека преговорите за името пропаднале

Владата не коментира непотврдени извори, изјави за Плусинфо Миле Бошњаковски, портпарол на Владата за информацијата на српски „Курир“ дека пропаднале преговорите за името.

Македонија и Грција не постигнаа заедничко решение околу спорот за името па преговорите пропаднаа, ексклузивно пишува српски „Курир“.

Тие пишуваат дека грчката страна побарала целосно бришење на одредницата „Македонија“ од конечното решение, поради што не е возможен компромис во овој момент.

 

 

 

09.06.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега