Скендер Реџепи: Правдата стигна – БЕСА припаѓа на своите следбеници

Апелациониот суд донесе одлука – Движењето БЕСА припаѓа на своите оснивачи, идеатори, на своето членство, на своите органи и на гласачите на БЕСА. Честито за сите!, изјаи денеска Реџепи на прес-конференцијата.

 

„Денес сум тука да ви кажам дека правдата се враќа на своето место. На 23.05.2018 год. Апелациониот суд донесе одлука елаборирана во 5 страници, за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати на разгледување во Основниот суд. Притоа, Апелациониот суд дава и десетина забелешки и препораки, кои Основниот суд не ги земал предвид во првостепената одлука, а ти се клучни за донесување пресуда за предметот.

Затоа денес сум тука да ви кажам дека и покрај сите измислици, шпекулации и невистини – кои беа поттикнати од тие кои фалсификуваа и имиња на личности во нивна корист, сепак правдата дојде на своето место. Тие заборавиле дека идејата на БЕСА не може да се фалсификува и колку и да се напаѓа, дури и да се навалка, таа сепак останува автентична во својата автохтона татковина.

Почитувани членови, симпатизери и гласачи на Движењето БЕСА, ние сме свесни дека вие сте повредени од расколот, но правдата иако доцни, сепак не заборава. Денешниот ден е уште една потврда дека тој што е во право никогаш не губи. Од денес фалсификаторите, расколниците и вандалите на седиштето на БЕСА може да одат кај сакаат, бидејќи Движењето БЕСА припаѓа на своите следбеници“ рече Реџепи на денешната прес-конференција.

 

 

 

08.06.2018 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега