Драма на полуматурска забава во Македонија: Со нож се заканувал дека ќе го избоде наставникот

Вистинска драма се случила вчера во 21:00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне 61-годишниот наставник С.Ј. од Прилеп. Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож. Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот. 

 

 

 

 

08.06.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега