Општина Центар урива во Урбан парк, полиција ги иселува дивовслените жители

Општина Центар утрово почна со иселување на дивовселените жители во напуштените објекти во Урбан парк на Јужен булевар објави „Макфакс“

Оттаму велат дека со асистенција од полицијата се прави подготовка за уривање на објектите на чие место е предвидено проширување на паркот и целосно уредување на просторот.

 

„Скоро еден месец сме во преговори со дивовселените семејства во Урбан парк за да ги напуштат објектите. Имајќи го во предвид социјалниот момент, во соработка со Министерството за труд и социјала им предложивме сместување во прифатните центри, но не прифаќаа. Неколкумина не послушаа, се спакуваа и си заминаа, но повеќе не можеме да ги толерираме овие што останаа. Планот е теренот да се расчисти за да може да почне уредување. И овој запуштен дел, ќе биде парк. Со уредувањето ќе биде опфатен и делот во близина на објектите во паркот кој се користи како див паркинг. Таму паркирање нема да има“, изјави за „Макфакс“ Саша Богадановиќ, градоначалник на Општина Центар.

 

 

 

07.06.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега