Не чека голем пресврт со времето: Спремете се за врел бран

Во текот на следните денови територијата на државава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од јужените географски широчини и истата ќе условува позначителен порарст на температурите на воздухот.

До петок температурите ќе растат и во петок ќе биде најтоплиот ден од овој топол бран кога максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 – 34 степени.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност додека во попладневните часови локално особено во планинските места и во оние места кој се во близина на планините ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Во текот на следните денови УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висок и ЕКСТРЕМНО ВИСОК коефициент и ќе изнесува некаде од 10 до 11, стои во временската на Славчо Поповски.

 

 

 

28.05.2018 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега