Во притворот во Шутка нападнат еден од тепачите на Зијадин Села

Коста Делов, еден од осомничените за нападот врз Зијадин Села за време на настаните од 27 април во македонскиото Собрание, бил нападнат во притворскиот дел од затворот “Шутка”. Инцидентот за Сител го потврдија и од Управата за извршување на санкции, јавува Сител.

Ова е втор напад врз некој од осомничените за тепањето на лидерот на АА, откако претходно истото го снајде и Кире Георгиевски.

Во меѓувреме продолжува судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Во кривичниот суд денеска сведочеше Александар Јаневски – Тошта, еден од 10 мината обвинети за тепањето.

Изјави дека од надлежните во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор каде што бил вработен, добил наредба да ги чува новинарите за време на протестите на Заедничка Македонија. Наредбата му ја дал управителот од Кочани.

Тој сведочеше дека во прес салата се симнал по барање на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој го викнал на помш за да ги одбранат нападнатите пратеници.

 

 

 

 

 

28.05.2018 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега