Горивата од полноќ поскапи за 2 денари: Бензинот достигна рекордни 75,5, дизелот 65 денари

Ново поскапување на горивата во Македонија, од полноќ граѓаните ќе возат поскап бензин и дизел, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер 95 од полноќ ќе биде 73,5 денари, додека пак Еуросупер 98 ќе биде 75,5. Во двата случаи зголемувањето е за 2 денари.

Дизелот, исто така поскапува за 2 денари и од сегашните 63 денари, од полноќ ќе биде 65 денари.

Екстра лесното масло горење ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.

 

 

 

28.05.2018 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега