ЈСП со важна информација за граѓаните - само на овие места ќе може да ги надополните картичките

Сакаме да Ве информираме дека денеска заврши договорот помеѓу ЈСП Скопје и фирмата-мастер дилер за продажба на нашите услуги. Од тие причини, во наредните неколку денови корисниците на нашите услуги, нема да можат да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ во продажните места кои не се во наша сопственост. Тоа ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат 32 билетарници, се наведува во соопштението од ЈСП.

ЈСП Скопје навремено се подготви за решавање на оваа ситуација, потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нивните услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција.

-Ви се извинуваме за евентуалните нелагодности поради оваа ситуација, но пред целосна вредносна искористеност на договорот кој го имаме склучлено со фирмата-мастер дилер, не бевме во можност за активирање на подготвено решение, со кое многу наскоро продажба на нашите услуги ќе биде повторно возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција, се наведува во соопштението од ЈСП.

 

 

 

28.05.2018 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега