Втор повик за субвенции за велосипеди

Општина Карпош денеска објави втор повик за аплицирање за субвенции за купување нови велосипеди за жители на општината, за која намена одвои дополнителни 360.000 денари.

Финансиите ќе се распределат по принципот „прв дојден, прв услужен“, се до целосно искористување на предвидените средства.

Општина Карпош субвенционира 20 проценти од вкупниот износ на новиот купен велосипед или максимум 3.000 денари од  цената на купениот велосипед.

Како што оцени градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, со субвенционирањето при купување нови велосипеди се стимулираат карпошани активно  да користат велосипеди, со што,  ќе се придонесе за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а со тоа и ќе се унапреди заштитата на животната средина.

Сите заинтересирани  можат да поднесат документи кај координаторот на проектот Марко Петрушевски, во Секторот за екологија и енергетска ефикасност, кој се наоѓа на вториот кат во ОУ „Лазо Трповски“. Апликантите  треба да понесат со себе оригинал фискална сметка со сметкопотврда од велосипедот купен од  денешниот датум натаму, заклучно со денот до кога ќе трае акцијата, како и копии од лична карта и од трансакциска сметка.

 

 

 

28.05.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега