Каруселот на Коце Трајановски си замина од Плоштадот

Kaруселот што беше поставен на плоштадот „Македонија“, на кејот на Вардар, како дел од проектот „Скопје 2014“, веќе го нема. Тој е демонтиран и дислоциран од бетонската кружна платформа, пренесе Слободен печат.

Демонтажата ја прават екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои наскоро тоа ќе го сторат и со вториот карусел, сместен на просторот кај црквата „Света Богородица“ пред една година. 

– Штета што ги отстрануваат реквизитите. Беше преполно со дечиња кои се возеа на нив, особено сега кога не работи Луна паркот. Им пречеле вртелешките на минувачите и на велосипедистите. А не им пречат кафулињата што се простираат по кејот? Ова беше единственото место за забава на најмалите дечиња – вели скопјанка која објаснува дека живее во близина и дека често ги носела децата на вртелешките.

 

 

 

 

23.05.2018 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега