Тажна вест од теренот: Фудбалер почина за време на натпревар

Во последно време сѐ почесто се појавуваат вести за смртта на фудбалски играчи. За жал, уште една трагедија се случила и тоа во Хрватска.

На натпревар меѓу локални фудбалските клубови Нафта Козарица и Напред Крапје, починал 32-годишниот играч од Козарица.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, несреќниот фудбалер уште на почетокот на натпреварот трчал отежнато, па по 12. минута од мечот се срушил на теренот. Сведоците велат дека несреќниот33-годишник откако неговата екипа примила гол мирно се движел кон центар, но изненадно се срушил. Другите играчи дотрчале на помош, а после извесно време пристигнала екипа на Брза помош, која долго време се обидувала да го реанимира играчот.

За жал, немало спас за фудбалерот кој починал на теренот.

 

 

 

14.05.2018 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега