Фото: Ќерката на британскиот шпиун Скрипал го промени личниот опис

Ќерката на отруениот Сергеј Скрипал е многу активна на интернет, нејзините пораки се појавуваат скоро секојдневно. Пред некој ден Јулија на Твитер напишала: „Менуваме изглед“. Подоцна објавила фотографија на која се гледа девојка со светла коса и во опис напишала „Сега имам ваква коса“. Секако лицето е прекриено на фотографијата.

Меѓутоа, семејствто и пријателите на Скрипал, сѐ уште не знаат кој навистина се крие зад овој профил. 

Можно е објавите на нејзиниот профил да се голема шега од некој „трол“ кој не ги зема во обзир чувствата на нејзините најблиски и продолжува да ги мачи со лажни информации за девојката која исчезна без траг. Но, можеби пак подоцна ќе се најде и некое друго, помалку очекувано образложение.

Да потсетиме, во британскиот град Солсбери на 4.март отруени беа поранешниот полковник на Главната оперативна управа на Русија, Сергеј Скрипал, кој работел за британските известувачки служби и неговата ќерка Јулија.

 

 

 

14.05.2018 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега