Мит или вистина: Дали навистина треба да се исклучат електричните апарати кога грми

За врнежливо време проследено со грмотевици се врзани доста суеверија. Она што не е „бапска приказна“ ниту глупост е фактот дека кога грми треба да се исклучат електричните апарати.

Како што веќе знаете, ударите од гром и нагло снемување на електрична енергија, некогаш можат и целосно да ги уништат апаратите. Многумина не знаат дека напојувањето на електрична енергија низ куќите не е секогаш исто, се случува да се зголеми и да падне.

Некои апарати се сигурни за време на бура, а некои не.

Во поголемиот дел од Европа, па и кај нас, стандардното напојување е 220 волти, а удар од гром може да ослободи напон од дури неколу милиони волти.

Ако останете без електрична енергија не вклучувајте ги уредите штом електричната енергија ќе се врати. Почекајте неколку минути за напојувањето да се стабилизира.

 

 

 

14.05.2018 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега