Со денови е рачно работена: Објавено како ќе изгледа венчаницата на Меган (фото)

Принцот Хари и Меган ќе се венчаат на 19 мај а за таа венчавка светот веќе со месеци шпекулира за деталите околу целата организација.

Ова ќе биде венчавка на годината, а за неа кралскиот пар не штеди пари. Меган ќе има две венчаници а само едната ќе чини околу 100.000 фунти или 114.000 евра.

Можеби звучи прескапо, но во оваа венчаница се вложени стотици саати рачна изработка, рекле од кралското семејство за Дејли Меил.

Младиот пар нема да оди на меден месец веднаш, туку ќе мора да почека до крајот на летото, зошто ќе треба да поминат некое време како официјални сопружници, пишуваат странските медиуми.

-Многу е возбуден поради венчавката, но и многу тадиционален кога се обичаите во прашање, сеуште ја нема  видено Меган во венчаница а не сака ни да знае кој е дизајнерот- рекол извор близок до принцот.

 

 

 

08.05.2018 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега