Шефот на одделот за човечки ресурси во Кривичниот суд е советник на Заев

Шефот на одделот за човечки ресурси во Кривичниот суд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, задолжен да го подучува претседателот на владата за социјални прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот, открива Алсат-М.

Тој во владата е ангажиран како надворешен соработник, но според неа, нема судир на интереси.

– Горан Стаменковски работи во администрација, раководител на служба за човечки ресурси. Оттаму нема никакво влијание над процесите од правосуден аспект, велат од Владата за Алсат-М.

Кривичниот суд, од друга страна, не е запознаен со случајот, па оттаму велат дека ќе побараат официјална потврда на информацијата и оти ќе направат дополнителна анализа дали постои судир на интереси.

Изборот, но и бројот на советници на Заев предизвика лавина од негативни коментари, како од граѓаните, така и од експертите, но и поранешни фунцкионери на СДСМ.

Последен од низата спорни советници кои Заев ги одбра е Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа кој се наоѓа на црната листа на САД и беше дел од УЧК, сега биде советник за безбедност.

Министерот за информатичко општество и администрација велеше дека некои од советниците се ангажирани без никаков финансиски надоместок.

Горан Стаменковски беше во фокусот на јавноста поради судирот со поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Стаменковски го тужеше Панчевски за мобинг. Пресудата беше во корист на Стаменковски.

 

 

 

08.05.2018 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега