Ги нарекуваат „духови“ и се кријат зад ѕидовите, не одат и на училиште поради навредите од врсниците , но одеднаш се се промени (видео)

Двајца браќа од Индија , или како уште ги нрекуваат „ Децата духови“ , поради ретката коса и заострените заби, конечно се прифатени од светот.

Ашфаг и Муштаг кои имаат 11 и 9 години се криеја позади ѕидовите на селото Маџа Прадеш за да ги избегнат  погледите и навредите од останатите соселани.

 Тие биле третирани како прогонети, бидејќи нивните соседи не разбирале дека страдаат од ретко генетско нарушување на хипохондриална ектодермална дисплазија (HED), што ја намалува способноста за потење и предизвикува губење на забите и губење на косата.

Меѓутоа после интервенција на локлна невладина организација која им помогнала на луѓето од селото да ја разберат нивната состојба, се се променило. Децата се денес прифатени во заедницата  и може нормално да си играат со останатите деца во селото.

- Мене и мојот брат не сметаа за духови на училиште, не сакаа да се играат со нас и не нарекуваа со погрдни имиња. Не сакавме да одиме на училиште зошто се чувствувавме понижени- рекол постариот брат.

Нивниот татко работи за фарма и заработува само по 50 фунти месечно па не биле во можност да посетат специјалист доктор.

-Многу сме сиромашни и немаме основни работи по дома, како на пример фрижидер или фен, поради болеста брзо се прегреваат и не се потат па затоа мора да ги полеваме со стуна вода за да се разладат на секој половина час- рекла нивната мајка.

Нивниот доктор вели дека не може да им помогне многу  поради тоа што е лекар со општа пракса, и не можел да им постави дијагноза.

Сепак нивните родители сеуште се надеваат на удо, и очекуваат дека ќе најдат начин за да им помогнат, сепак благодарение на невладините организации кои обезбедиле едукација  на селаните и објасниле дека оваа болест не е пренослива, двете деца засега се трудат да имаат нормален живот или барем онолку нормален колку што им овозможува болеста.

 

 

 

08.05.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега