Заврши акцијата за субвенционирање при купување нови велосипеди во Карпош

Акцијата за субвенционирање при купувањето нови велосипеди што ја спроведе Општина Карпош е завршена поради исцрпување на паричните средства предвидени во општинскиот Буџет.

- Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, заклучно од денеска нема да ги зема предвид сите новопристигнати апликации, се вели во соопштението од општината.

Оттаму информираат и дека во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, граѓаните ќе бидат навремено известени преку веб-страницата на Општината, Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми. 

 

 

 

08.05.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега