Скопјанка извадила пари од банкомат - две млади момчиња убаво ја „насамариле"

Во 15,30 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавила 76-годишната Е.К.Ф. која пријавила дека истиот ден околу 13 часот на булеварот “Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои предходно ги извадила од банка не биле во ред, по грешка и биле дадени, и дека требала да ги врати за да се заменеле.

Потоа лицето водејќи ја под рака оштетената ја поминало улицата со неа, по што и кажал да му ги даде нему парите, а тој ќе ги сменел во банка и ќе и ги врател.

Оштетената му дала 9.000 денари и се договориле да го чека кај тениското игралиште, но истиот не се вратил.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.05.2018 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега