Првомајскиот празник го наполни Дојран - преполни сите хотели и куќи

Први мај го наполни Дојран со туристи. Полни се и угостителските капацитети, но и викенд куќите од приватното сместување.  Според проценките на локалната самоуправа денот на трудот покрај брегот на Дојранското езеро ќе го поминат околу 10.000 туристи. За разлика од претходните години кога најголемиот процент беа домашни,  годинава   има и голем број странски гости, пренесе Сител.

,, Освен домашни туристи имаме и голем број на странски туристи . Имаме максимална исполнетост на капацитетите која што е несомнена за овие првомајски празници.,, вели АНГО АНГОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК  НА ДОЈРАН

Оваа година причина плус за полните капацитети во Дојран е и богатата музичко забавна програма  која привлече голем број туристи од помладата генерација.

,, Има доста богата ноќна понуда од самите угостителски објекти која што се однесува претежно за помладиот дел од публиката кој што во проценти е и најголем посетител за првомајските празници , така што се надеваме дека сите ќе бидат задоволни  од посетата на Дојран како туристичка дестинација.,, вели АНГОВ

Покрај викенд гостите традиционално во Дојран имаше и голем број еднодневни туристи, претежно од околните градови  кои дојдоа на прошетки и пикник со скара покрај езерото.

 

 

 

02.05.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега