Гаши негира дека добил министерска понуда од Заев - се дели колачот за Владата

Пред финиш е реконструкцијата во Владата на премиерот Заев кој деновиве одржува интензивни средби со помалите политички партии како што и сам изјави синоќа по својата прес-конференција, каде потенцираше дека никој не го блокира процесот на реконструкција на Владата.

Дел од медиумите вчера брифираа дека лидерот на едното крило на Беса, Африм Гаши ќе седне во министерската фотелја за образование, но вечерта стигна демант од самиот Гаши дека е шпекувација тврдењето за таа понуда од премиерот.

Се шпекулира и дека Бардил Даути може да застане на позицијата вицепремиер во Министерството за спроведување на реформите.

 

 

 

02.05.2018 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега