Дачиќ: Ова што го прави Хрватска е чиста будалаштина

 

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, реагирајќи на денешната изјава на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека не е добро да се употребува зборот „војна“, изјави дека тој вчера зборувал за „дипломатска војна која Хрватска ја предизвикува“.

Пленковиќ, осврнувајќи се на вчерашната изјава на Дачиќ дека „доколку Хрватска посакува дипломатска војна, тоа и ќе го добие“, наведе дека користењето на зборот „војна“ не е добро и дека Србија и Хрватска не се исти, бидејќи никој во Загреб не дава такви изјави како српскиот министер за одбрана Александар Вулин, нуту пак некој го оскрнавил српското знаме во хрватскиот Сабор.

На изјавата на Пленковиќ, веднаш реагираше шефот на српската дипломатија, кој истакна дека е „точно оти не сме еднакви, бидејќи ние не бевме на страната на Хитлер, не извршивме Холокауст над Евреите и Хрватите, не ги принудувавме Хрватите да носат обележја какви што мораа да носат Србите и Евреите за време на Втората светска војна и тоа Евреите жолти, а Србите сини ленти“.

Дачиќ додаде дека тие не се исти, „бидејќи Србија не ги негира злосторствата, туку ги казнува“.

- Не сме исти, бидејќи сметаме дека ова што го прави Хрватска е чиста будалаштина и подобро е да се занимаваме со развојот на нашите односи, отколку да водиме дипломатска војна. И на Пленковиќ сето тоа му е познато, но мисли дека ова му носи политички поени. Но тоа е жално, изјави за медиумите српскиот министер за надворешни работи.

 

 

 

01.05.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега