Со ѕвонење на сите црковни камбани жителите на Дебарца велат не за регионална депонија

Денеска  со ѕвонење на сите црковни камбани во општината  во траење од 15 минути симболично ќе биде најавен почетокот на еко револуцијата  жителите со блокирање на магистралниот пат Кичево-Охрид во двата правци и ќе бараат стопирања на изградбата на регионална депонија.

Денеска од 10:00 - 15:00 часот поради јавен собир на магистралниот пат Кичево - Охрид кај месноста викана Ботун сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, а од 12:00 - 14:00 часот ќе има незименично пропуштање на возила.

Граѓаните на општина Дебарца кои на референдум се изјаснија дека се против одлуката да се гради регионална депонија во атарот на селото Годивје  ја имаат подршката и од градоначалникот Ногачески.

 

 

 

22.04.2018 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега