Нема да може да го запишете детето во градинка и школо ако не е вакцинирано

Министерството за здравство организираше забавно-едукативен настан, со што по 13. пат се вклучи во одбележување на Европската недела на имунизацијата.

Пред присутните се обрати министерот за здравство венко Филипче кој истакна дека ќе се превземат повеќе мерки.

Превентивни тимови од 23 до 29 април за време на Европската недела на имунизацијата ќе одат на терен ќе ги проверуваат вакциналните картони и ќе бараат невакцинирани деца и лица за да бидат имунизирани. 

Филипче истакна пред присутните дека услов за запишување во градинка за децата ќе биде  децата да бидат вакцинирани.

 

 

 

21.04.2018 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега