Заев го доби новиот коалиционен партнер - договрено едно министерско место

БЕСА на Касами најверојатно ќе биде дел од Владата на Заев, јавува Плусинфо повикувајќи се на свои извори во партијата. Според информациите, ваков договор паднал на вчерашната средба Касами – Заев.

„ – Беса 99 отсто ќе биде дел од Владата. Има готовност да добиеме едно ресорско министерство, но допрва ќе има разговори за поделбата на власта – вели за Плусинфо функционер во партијата на Касами.

Касами и даде поддршка на Владата на Заев и на гласањето за доверба, со што практично си го отвори патот до Илинденска. Сепак, тука стои ДУИ, партија која не крие дека не сака други албански партнери во Владата.

Заев на последниот брифинг со новинарите рече дека му е потребно пошироко мнозинство за да покомотна позиција во Собранието, бидејќи како што вели, сега пратениците се практично врзани за пратеничките столчиња и ако еден замине да заврши други обврски , ништо од мнозинството.

Во игра за влез во Владата е и другото крило на БЕСА под раководство на Гаши. Извесен партнер е и ДПА на Тачи, додека во македонскиот политички блок, Заев засега не успеа да најде нови партнери.

 

 

 

 

17.04.2018 - 10:42
Фото: 
Архива

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега