Децата од Ѓорче викаа „УА" на возачите кои „летаат" - аплауз за совесните

Ден по несреќата на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров, учениците од Основното училиште „Мирче Ацев“ одлучија на посебен начин да протестираат. Тие ги „наградуваат“ со аплауз возачите кои се движат со мала брзина. А, негодуваа за возачите кои возат над дозволената брзина, јавува ТВ21.

По синоќешниот инцидент, жителите излегоа и ја блокираа улицата, барајќи итно решение. Протестот продолжи до полноќ. Денеска полицијата излезе на улицата „Борис Сарафов“ и ја контролираше брзината со која возат возачите. 

 

 

 

16.04.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега