Изгубил контрола и од пат излетал во нива - страшна сообраќајка во Македонија

Во 12 часот и 20 минути на магистрален пат Гостивар-Кичево, 51-годишниот Ф.У. од селото Зајас, кичевско, управувајќи патничко возило „Застава Темпо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на другата страна од коловозот и излетал  во нива.

Притоа, се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде го задржале на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. 

 

 

 

12.04.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега