Ако ја добиете оваа нотификација на Фејсбук тоа значи дека ваши податоци биле злоупотребени

Деновиве секој корисник на социјалната мрежа Фејсбук ќе добие известување и така ќе знае дали информациите му биле злоупотребени, по скандалот кој излезе во јавноста.

Откако сопственикот на Кембриџ Аналитика објави дека биле користени податоци од корисниците ширум светот, социјалната мрежа е на мета на критика, а деновиве на сите ќе им стигне порака дали нивните податоци биле злоупотребени.

Како што јавува Би-Би-Си, Фејсбук ќе информира која апликација какви податоци собрала.

Ако добиете ваква порака и нотификација тоа значи дека ваши податоци биле искористени.

 

 

 

10.04.2018 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега