Му го пресекле патот и го нападнале со метални предмети - скопјанец претепан среде улица

Вчера во 7 часот и 30 минути, 26-годишниот М.Р. во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот на улицата „Благоја Стефковски“ додека управувал со неговото возило бил престинат од друг автомобил, по што бил нападнат.

Имено, како што информираат од МВР, патот му го пресекло друго возило и од истото излегле две лица и физички го нападнале на тој начин што едниот од нив со метален предмет го удрил неколку пати во пределот на главата, а другото лице го удирал со тупаници по што влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

09.04.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега