Фото: Полицијата го блокираше целиот крај - уапсен маж пред Бакингемската палата

Лондонската полиција уапси едно лице, а околу Бакингемската палата е поставен кордон, откако во близина било паркирано едно сомнително возило.

Маж на возраст од 30 години бил приведен под сомнеж дека го нарушувал јавниот ред и мир.

Станува збор за бело комбе, кое е паркирано веднаш наспроти палатата.

– Улицата е затворена за сообраќај и поставени се кордони. Полиција го претресува возилото, изјави портпарол на британската полиција.

 

 

 

09.04.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега