Пет совети како да го изберете најсилното велигденско јајце и да излезете како победник

За да ви помогнеме во „битката“ во кршењето на велигденските јајца овие денови и да ги победите вашите противници,имаме неколку совети:

1. Ако акате да победите, земете јајце од мисирка. Тие се значително помали од јајцата од кокошка, но и потврди. Избегнувајте ги јајцата од патка, тие се најмеки.

2. Што се однесува до кокошкините јајца, досегашното искуство покажало дека помалите и пошпицасти јајца се појаки, па затоа земете такво. На допир треба да биде грубо и да нема мазна лушпа.

3. Можни победници во кршењето се и јајцата кои се стари неколку недели.

4. За време на кршењето со јајца постојат трикови. Прстите држете ги на врвот на јацето, а трикот е во тоа да се обидете да бидете понежни во кршењето на јајцето на противникот. Или гледајте противникот да ве погоди во прст, а не во јајцето.

5. Некои велат дека јајцето ќе бие посилно доколку го бојадисате со дупла боја.

 

 

 

09.04.2018 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега