Видео: Трик кој ги освои домаќинките ширум светот - велигденски јајца поразлични од другите

Стандардното боење јајца може да биде многу тешко и здодевно, а да не се зборува за можноста сите јајца испукаат при бојадисувањето во топлата вода. Од друга страна, еднобојните велигденски јајца се многу монотони и затоа интернетот полуде по овој трик со пена за бричење, со кое можете да добиете јајца во бои на виножито.

Видеото на Јутуб,  кое има повеќе од два милиони прегледи, го полуде светот благодарејќи на трикот со пена за бричење. Ако се одлучите на овој начин да ги бојадисате јајцата за Велигден, не само што нема да биде потребно да ги варите јајцата со бојата, туку ќе добиете убедливо најинтересен дизајн, така што ќе бидете воодушевени.

Интересно е дека истиот трик функционира и со шлаг или матенаслатка павлака, па така не мора да се користи хемија (која се наоѓа во пената за бричење).

Потребно е:

- пена или изматен шлаг

- различни бои за храна (течни)

- сад

- две лажички или стапчиња

- бели варени јајца

Подготовка:

Пената или шлагот ставете ги во сад, оптимално во некој пластичен или алуминиумски кој после може да се фрли. Се додава по неколку капки различни бои за храна, па со помош на стапчињата или лажичето се се меша така што да се добие дезен налик на разнобоен мермер.

Се што останува е јајцата да се натопат едно по едно така што се собираат разни бои од сите страни, а потоа оставете ги да стојат на хартиена крпа околу 20 минути (колку подолго, толку подобро). На крајот внимателно се остранува со крпа пената, без триење, а на јајцата ќе остане бојата - и тоа така што јајцата ќе изгледаат само што пристигнале од волшебна земја на еднорози и вили.

 

 

 

02.04.2018 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега