Светски експерти ќе истражуваат зошто во Македонија починуваат бебиња

Тимови експерти од Светската здравствена организација почнуваат со посета на родилиштата во државата за да утврдат како функционираат тие во земјава во услови кога се случува многу често бебиња да умираат, пишува весникот Вечер.

- Тоа ќе ни овозможи да знаеме во која здравствена установа која проблематика може успешно да се третира врз основа на соодветни критериуми. Едно родилиште, за да биде акредитирано соодветно и според светски стандарди, не е доволно да има само гинеколози, туку е потребно да има неонатолози и анестезиолози. Сакаме да направиме организиран и интегриран систем во кој државата таму каде има услови кои ќе го гарантираат квалитетот на здравствената услуга, информира министерот Венко Филипче.

Недостапноста на родилиштата и несоодветната и ненавремена здравствена грижа на родилките е главна причина за нивна смртност, а најголем процент од починатите бебиња е поради нивната мала родилна тежина и предвремено раѓање. Министерот веќе најави дека ќе направи се за ова прашање.

 

 

 

21.03.2018 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега