Вечерва во Штип за прв пат протести против двојазичноста

Во Штип вечерва за првпат се одржа протест против законот за употреба на јазиците и против промената на името на нашата држава.

Граѓаните кои беа дел од протестот побараа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов да си стои на зборот и  да не го потпишува законот.

Над 400 граѓани присуствуваа на вечерашниов протест, кој почна од зградата на општина Штип, а потоа протестантите мирно се движеа по улиците покрај реката Отиња во централното градско подрачје, а протестот заврши кај кружниот тек кај Стопанска банка.

(МИА)

 

 

 

20.03.2018 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега