ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени од новата енергија на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ се исплашени од новата енергија на ВМРО-ДПМНЕ, велат во соопштението за медиумите од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ наместо да се фокусира на суштината на проблемите, на паднатиот стандард, на сиромаштијата, на недостоинствените политики кои ги водат, тие со површни напади полни со омраза и фрустрација, се обидуваат да ја замајуваат јавноста,“, пишува во соопштението.

Од опозициската партија предупредуваат дека народот ќе го крене својот глас, бидејќи се е веќе јасно и нема назад.

„СДСМ наскоро ќе се соочи со реалноста и ќе ја плати цената на нивните катастрофални политики. СДСМ е на власт доволно време за народот ги води какви се, како се однесуваат и што прават.

Прочитани се нивните празни зборови и се гледа нивното вистинско лице. ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе подобро за сите, затоа што народот заслужува подобро и Македонија заслужува подобро. Тоа е неминовност со која СДСМ мора да се соочи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

19.03.2018 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега