Беса: Да се покрене постапка за обесштетување на обвинетите од Сопот и тужба против оние кои ги малтретираа

Движењето БЕСА и претседателот Африм Гаши го поздравија целосното ослободувањето на обивнетите во случајот „Сопот“ со надеж дека со ваквата одлука ќе се стави крај и на антиалбанскиот пристап на судството и обвинителството.

„За оваа одлука да биде целосно коректна, надлежните судски институции сега треба да ја започнат постапката за обесштетување на обвинетите на Сопот, додека во најкус можен рок треба да се покрене тужба против вистинските автори на делото, како и за обвинителите и судиите кои со години ги влечеа тие по затвори и судови, иако сите бевме убедени дека тие беа невини.

Притоа уште еднаш апелираме овој случај да служи како лекција и за случајот на Алмир Алиу и целокупниот правен систем во Македонија и да се стави крај на дискриминацијата, каде Албанците се гледаат како дежурни виновници за се што се случува во државата. Крајно време е да завршат монтираните судски случаи против Албанците. Правдата треба да го казни криминалот, без оглед на етничката припадност“, се вели во соопштението на БЕСА.

 

 

 

 

19.03.2018 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега