МОН и Сојузот на дефектолози ќе работат на подобрување на образованието на лицата со попреченост

Министерството за образование и наука и Сојузот на дефектолози денеска потпишаа меморандум за соработка за подобрување на квалитетот на инклузивното образование.

Предвидено е формирање на работна експертска група која ќе биде задолжена за  давање на стручна и експертска помош при ревизија на постоечките законски прописи за образование на учениците со попреченост. 

- Соработката се однесува на преземање конкретни мерки и активности кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на инклузивното образование на учениците со попреченост, организирање обуки на специјалните едукатори и рехабилитатори кои работат во редовните основни и средни училишта, се вели во соопштението од МОН.

Со меморандумот се предвидува и соодветна обука за наставниците за карактеристиките на ученици со одреден вид на попреченост, како и изработка на прирачник за инклузивно образование на учениците со оштетен вид. 

 

 

 

19.03.2018 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега