Бесплатни лекарски прегледи за жените од општина Бутел по повод 8-ми Март

По повод 8-ми Март, општина Бутел денеска организира целодневна манифестација „Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март“ чија цел е да се зголеми свеста за континуирана заштита на  здравјето на жената и здравјето на семејството.

Доктори специјалисти ќе прегледаат над 200 жени од администрацијата и други жителки од општината. Направени ќе им бидат тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта,…

Ќе биде одржано и предавањеза самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамографски прегледи на дојка, ПАП тестови,…

На манифестацијата обраќање ќе има градоначалникот Велимир Смилевски. 

 

 

 

08.03.2018 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега