Богов и Тевдовски ги повикаа бизнисмените на доверба и инвестирање

Да се врати довербата кај инвеститорите, да земаат повеќе кредити и да вложуваат. Банкарскиот сектор е виско ликвиден, политичките ризици се надминати, условите стабилни.  Засега, според гуверенерот Богов, нема  потреба од промена на монетарната политикам,  заклучи Комитетот за финансиска стабилност на денешната седница, објави Сител.

- Условите се стабилни веќе подолг период, банките се високо ликвидни и неопходно е да се врати довербата кај инвеститорите, да се зголеми побарувачката за кредити, а банките се подготвени и може да ги испорачаат кредитите, но потребни се квалитетни проекти и посилна инвестициска активност,, изјави гуверенрот на Народна банка, Димитар Богов.

Според министерот за финансии Тевдовски, прв пат после 8 години има пад на јавниот и државниот долг, повратот на ДДВ кон фирмите е забрзан и  се одвива без застој и селективност. Единствена цел на фискалната политика е да обезбеди економски раст и стабилност

- Ако ги погледнете месеците јануари и февруари годинава, во однос на истите месеци минатата година, повратот на ДДВ е поголем за 1,4 милијарди денари или за 56 проценти.. Тоа значи дека бргу се враќа ликвидноста во фирмите, тие да работат, имаат активност и да инвестираат, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според очекувањата на Народната банка, во првиот квартал оваа година ќе има  благо олеснување на условите за кредитирање и пораст на побарувачката на кредити, како кај домаќинствата, така и кај претпријатијата.

 

 

 

05.03.2018 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега