Од понеделник нова цена на горивата во Македонија

Во понеделник, Регулаторната комисија за енергетика треба да ја направи новата корекција на малопродажните цени на нафтените деривати.
Имајќи ги предвид движењата на цената на суровата нафта, некои поголеми промени не треба да се очекуваат.
При последната корекција како просечна цена за изминатите две недели беше земена сумата од 64,1 долари за барел.
Во текот на изминативе две недели, цената максимумот го достигна пред 5 дена кога надмина 67 долари за барел за во моментов да се продава за околу 63,7 долари.

Во такви услови, за очекување е да се задржат актуелните цени или пак да се случи благо поскапување и тоа само за одредени деривати.

Во моментов ЕУРОСУПЕР 95 се точи за 65,5 денари, 98 октанскиот за 67 додека дизелот за 57 денари откако на 19 февруари сите беа намалени за 2,5 денари по литар.

 

 

 

02.03.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега