Град Скопје избира членови на управните надзорни одбори во јавните претпријатија

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи седмата седница на која ќе избира членови на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, установите од културата и средните училишта.

На дневен ред се над триесет точки, меѓу кои предлог-одлуките за прием на донација од АД МЕПСО Скопје, за одобрување набавка на специјални противпожарни возила-автоцистерни, за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и за прием и отстапување на нафтени деривати на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Советниците ќе ја разгледаат информацијата за реализација на субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 и 2017 година, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во Скопје за 2018 година. 

 

 

 

01.03.2018 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега