Антикорупционер изнајмил стан за 100 евра, а земал 350 - се трошеле пари и на ручеци и вечери

Откако ревизорскиот извештај на УЈП покажа дека во 2016. година на членови на Антикорупциската комисија им се исплаќале патни трошоци со неверодостојни патни налози, дека некои членови не доаѓале на работа, туку само на седници или пак во ист ден пријавиле и дека се на седница и во странство, денеска САКАМДАКАЖАМ пренесува дека се откриени и нерегуларности како ненаменско трошење на буџетски пари за ручеци и вечери, како и за станови.

На 13.07.2015 година член на Антикорупциската комисија доставил барање до Комисијата за станбени прашања на Владата, за остварување на право на надомест за закупнина на стан и трошоци за комунални услуги за користење на стан. На 22.09.2015 Комисијата при Владата носи решение за остварување на право на надоместок за стан и комунални трошоци, но не ја утврдува висината на надоместокот за закуп. ДКСК носи одлука за исплата на надоместок за стан во износ од 350 евра месечно, односно 250 евра за изнајмување на стан и 100 евра за трошоци.

- „Од причина што закупот според договорот изнесува 6.000 денари или 97.5 евра произлегува дека разликата од утврдениот надоместок со одлука на ДКСК и реално направениот расход за закуп претставуваат ненаменски потрошени средства. Со увид во приложената документација се констатира дека исплатата по основ на трошоци за закупнина не е реална, односно по тој основ исплатен е поголем износ од 168.818 денари и истите претставуваат ненаменски потрошени средства“, стои во извештајот на ревизорите од УЈП, пренесе Сакамдакажам.

Во некои случаи констатирана е исплата на надоместок за службени патувања врз база на дупли сметки односно за ист вид трошок два пати е извршена исплата. А исто така во два случаи извршена е исплата по службено патување во странство по сметки од кои не може да се утврди за кој вид трошок е направена. 

 

 

 

01.03.2018 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега