Германски медиуми: Руски хакери упаднале во мрежа на министерства
Руска хакерска група позната како АПТ28, упаднала во сервери на германското МНР и Министерството за одбрана и одзела податоци, јавија германски медиуми.
Германското МВР потврди дека во тек е истрага за „кибер инцидент“ што влијаел врз компјутерска мрежа на германската влада. Министерството додава дека владините агенции кои биле цел на нападот преземаат заштитни мерки по „кибер инциднетот“.
Западни влади и експерти за безбедност ја доведуваат во врска хакерската група со руската шпионска агенција и ја обвинуваат за разни операции вклучително и напад врз Националниот комитет на Демократската партија пред претседателските избори во САД во 2016 година и изборите за Долниот дом на Парламентот на Германија во 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа