Во сабота средба Ахмети-Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оваа сабота ќе се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потврдуваат за ТВ24 од ДУИ.

Оттаму велат дека на агендата на првата средба ќе се најдат името, реформските закони, дијалогот власт-опозиција, но не и законот за јазици, бидејќи велат ситуацијата со него е јасна, а законот за јазици е завршена работа.

Од ДУИ велат дека станува збор за куртуазна средба со цел двајцата лидери да се запознаат.

Мицкоски потврди дека планира средба со Ахмети при гостувањето во емисијата „24 Отворено“.

 

 

 

28.02.2018 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега